Исени се врати со погодок, Шкупи за гол пократок против Челик

Македонскиот прволигаш Шкупи го одигра третиот пријателски натпревар во Анталија и доживеа пораз од босанскиот прволигаш Челик (1-2).

Тимот од Зеница до триумфот дојде поради подобриот прв дел на мечот, во кој постигна два погодока во мрежата на чаирчани. Утешниот гол беше дело на повратникот во тимот Бесир Исени, кој погоди на првиот натпревар за Шкупи по кам-бекот од редовите на Вардар.

Шкупи има една победа на подготовките во Анталија, во дуелот со романска Политехника Јаши. Претходно, поусшешен од чаирчани беше шампионот на Иран, Сепахан.

Наредниот контролен меч на Шкупи е против унгарски МТК, а до крајот на подготовките ќе се игра и со босански Сараево во чии редови настапува Крсте Велкоски.