ВИДЕО: Исаксен со мајсторски гол го замолкна Неапол и донесе голема победа за Лацио

Фудбалерите на Лацио ја запишаа досега најважната и најтешката гостинска победа во сезоната во Серија А. Римскиот гигант со големи три бода го напушти „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, откако против шампионот од пред две сезони славеше со минимални 0-1 (0-0). 

  • Наполи - Лацио 0-1:

За Наполи ова е само трет овосезонски пораз во домашниот шампионат, додека римјани ја забележаа јубилејната десетта победа, со која се зацврстија на петтата позиција на табелата. 

Дуелот на стадионот кој што го носи името на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, мина во знакот на домашните фудбалери, ама на крај гостите си заминаа со посакуваните три бода. Наполи беше тимот кој што имаше поголем процент на посед на топката, создаде многу повеќе шанси од противникот, ја погоди стативата, но Лацио ја искористи првата вистинска шанса и Исаксен со мајсторски удар на втора статива го совлада Мерет и на својот тим му донесе големи три бода.  

Следен противник на Наполи, кој и покрај поразот остана на втората позиција, ќе биде тимот на Удинезе, а Лацио игра уште едно дерби – овој пат на свој терен против Интер. 

  • Венеција - Комо 2-2:

Попладнево, Венеција и Комо играа 2-2, а Емполи славаше во Верона со 1-4.

  • Верона - Емполи 1-4:

Колото се затвора утре се натпреварот Монца - Удинезе. Лидер е Аталанта со 34 бода, а може да му се приклучи Интер, ако го добие заостанатиот натпревар против Фиорентина.

Состави

Антонио Конте

4-3-3

    Marco Baroni

    4-3-3