Исаевски од Победа продолжува во Бугарија, потпиша со Дунав Русе

Македонскиот фудбалер Александар Исаевски својата кариера ќе ја продолжи во Бугарија каде ќе го носи дресот на прволигашот Дунав Русе.

Исаевски, кој има 23 години и настапува на левата бековска позиција, беше дел од прилепска Победа. Откако двете страни се разделија, тој пронајде нов ангажман во Бугарија и се договори со екипата на Дунав Русе.

Фудбалерот за Победа во полусезоната одигра 16 меча, на кои забележа две асистенции. Покрај за прилепчани, Исаевски во минатото настапуваше за Македонија Ѓорче Петров, како и за Детроит Сити од САД.

За него, ова е втора интернационална авантура.