ВИДЕО: Ирските навивачи станаа и автолимари

Навивачите на Република Ирска и понатаму се најзабавни на ЕП во Франција и со право го добиваат тој епитет и покрај слабите резултати на нивната репрезентација. Но, некогаш и тие знаат да претераат во својата „забава“, како што беше во Лил пред мечот со Италија, кога еден од фановите се качи на покривот на автомобил и едноставно почна да скока по него.

Од силните удари на покривот се направи вдлабнатина, а во тој момент навивачите се одлучија да му помогнат на сопственикот, кој не беше во близина, така што низ отворите на вратите фрлаа монети. По тоа се обидоа и самите да го исправат покривот, но не им успеаа па сопственикот ќе мора да посети автолимар, но за негова среќа веќе има пари за поправка на неговиот автомобил.