Светски рекорд и „луд“ пресврт: Роналдо во финишот ѝ пресуди на Ирска! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Португалија дојдоа до „луда“ победа во пресметката од четвртото коло во квалификациите на Светското првенство, откако со пресврт ја совладаа Ирска (2-1). Гостите одиграа неверојатен натпревар, водеа до 89. минута, ама не издржаа и Кристијано Роналдо донесе победа за својот тим. 

  • Португалија - Ирска 2-1:

Иако пресметката тргна со пенал за домаќинот, младиот голман Гавин Базуну успеа да го одбрани ударот од 11 метри на Кристијано Роналдо. Казната стигна на спротивната страна во 45. минута, преку Џон Иган. Стоперот на Шефилд Јунајтед со глава го матира Руи Патрисио, по нафрлување на МекГрат за 0-1. 

Течеше 89. минута од натпреварот кога по многуте шанси пред голот на Ирците, Кристијано Роналдо конечно израмни. По една мешаница, на асистенција на Гонзало Гуедеш, првата ѕвезда на Португалија погоди за 1-1, но и фудбалска историја бидејќи го даде 110-от гол со што го надмина Иранецот Али Даеи на вечната листа. Во самата завршница, Роналдо со нов погодок обезбеди и луд пресврт на својата земја. Во 96. минута Португалецот го матираше Базуни за славје на нацијата.

Во една од дерби пресметките на четвртото коло во квалификациите, Русија и Хрватска одиграа „празно“ реми на „Лужники Арена“ во Москва (0-0). Во изедначено надигрување, „зборнаја“ и „коцкестите“ ги поделија бодовите. И покрај неколкуте сериозни шанси пред двата гола, мрежите на крајот останаа да мируваат до крајот на дуелот. 

  • Русија - Хрватска 0-0: 

Со реми исход заврши уште едно дерби, во групата Г. Пресметката на Норвешка и Холандија во една од најизедначените групи, на крајот доведе до делба на пленот (1-1). Ерлинг Халанд ја доведе својата селекција во водство, по 20. минути игра. Сепак, пред полувремето искусниот Дејви Класен израмни, а во продолжението немаше резултатски промени. 

  • Норвешка - Холандија 1-1: 

Нерешени исходи имаше и на пресметките меѓу Словенија и Словачка (1-1), како и Турција и Црна Гора (2-2).

Состави

Фернандо Сантос

4-3-3

    Stephen Kenny

    3-5-2