Ирецот Роби Кин е нов тренер на унгарскиот Ференцварош

Унгарскиот фудбалски гигант, Ференцварош, официјално објави дека нов тренер на првиот тим ќе биде поранешниот ирски напаѓач, Роби Кин. 

44-годишниот Кин ќе го наследи Паскал Јансен, кој го напушти клубот пред само неколку дена. Ирскиот стратег ќе се приклучи на тимот на подготовките во Шпанија и веднаш ќе започне со работа. 

Претходно во кариерата Кин беше тренер на АТК и Макаби Тел Авив, со кој ја освои шампионската титула и Купот на Израел, а воедно стигна и до осминафиналето во Конференциската лига на УЕФА.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.