Иранскиот селектор: Веднаш нè замолија да заминеме, не ни дозволија да се одмориме!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Иран, Амир Галенои изрази огромен бес и рече дека Иран е „најдискриминираната и најугнетената репрезентација“ на Светското првенство, откако веднаш по ремито со Нов Зеланд во Лос Анџелес на тимот му беше наредено итно да ги напушти САД.

„Не ни дадоа ни време да се опоравиме. По натпреварот ни рекоа: „Мора веднаш да заминете“. Многу е важно што имаме време да рекуперираме, но нè замолија веднаш да се качиме на авион и да се вратиме во нашиот камп во Тихуана и тоа навистина нè вознемирува.

Искрено, не знаеме зошто нè враќаат назад. Други луѓе планираат што е најдобро за нас. Одлуките се носат некаде на друго место. Требаше да дојдеме два дена пред натпреварот и да останеме вечерва да се опоравиме и да се вратиме утре нво Тихуана“, рече Галенои.

Иранците одиграа 2-2 и го впишаа првиот мундијалски бод и продолжија да сонуваат дека првпат ќе ја минат групната фаза на едно Светско првенство.