ВИДЕО: Иран започна убедливо, Австралија поразена на стартот на Азискиот Куп

Еден од фаворитите за освојување на Азискиот Куп, кој се одржува во Обединетите Арапски Емирати, селекцијата на Иран на Карлос Кеироз, со победа од 5-0 го започна континенталниот собир.

Иранците го декласираа Јемен со пет гола, а јунак беше Мехди Тареми со два гола во раната фаза. Ал Совади си постигна автогол, па погоди Сердар Азмун, а Саман Годос во 78. минута ги постави конечните 5-0.

Најголемото изненадување во првото коло е поразот на бранителот на титулата Австралија од селекцијата на Јордан со 0-1.