Иран потврден како шести учесник на Мундијалот

Фудбалската реперзентација на Иран го осигура едно од местата кои водат на Светското првенство (СП) во 2026 година.

Иранците ремизираа со директниот конкурент Узбекистан (2-2) и го осигураа едно од местата. Главен играч на натпреварот беше Мехди Тареми од Интер, кој даде два гола.

Иран е шестата репрезентација со мундијалска виза, трета од квалификациите. Досега дел од СП 2026 се САД, Канада и Мексико како домаќини, како и Нов Зеланд и Јапонија од квалификациите.