Инзаги: Славјето е блиску, но мора да одработиме до крај

Симоне Инзаги е во одлична позиција со неговиот Интер и само чудо може да им ја одземе титулата на „нероаѕурите“. Миланскиот гигант со победата над Удинезе се доближи до скудетото, а со евентуален триумф над Каљари, работата ќе биде скоро завршена. 

„Одигравме феноменално против Удинезе, особено во второто полувреме. Знам дека имавме негатива по првите 45 минути, но тимот креираше неколку одлични шанси. Тие се борат за опстанок, па затоа ми е драго што славевме кај незгоден ривал. 

Одиме чекор по чекор и во мислите ни е само Каљари. Ќе играме без неколку првотимци, но се надевам дека ќе успееме да ги освоиме трите бода. Верувам во моите играчи и знам каква жртва направија сезонава. Славјето не е далеку, но мора да одработиме до крај“, изјави Инзаги. 

Интер во моментов има четиринаесет бода предност пред градскиот ривал Милан, а натпреварот против Каљари е закажан за 14 април. 

Состави

Kosta Runjaic

3-5-1-1

    Симоне Инзаги

    3-5-2