Инзаги се заљубил во Елмас: Лацио подготвен да се бори со Фиорентина за неговиот потпис

Ељиф Елмас

Добрите игри во репрезентативниот дрес на Ељиф Елмас му носат интерес од голем број на европски екипи. 

Постојано се шпекулира дека Пеп Гвардиола го посакува во Манчестер Сити, а не е тајна дека и Реал Мадрид размислувал да испрати понуда до Фенербахче.

Според италијански „Кориере дело Спорт“, најголеми шанси за потписот на младиот 19-годишен фудбалер имаат италијанските прволигаши Фиорентина и Лацио.

Наводно, тимот до Фиренца веќе понудил 15 милиони евра за услугите на македонскиот талент, но Симоне Инзаги, предводникот на „лацијалите“, не сака да се откаже и ќе побара од челниците да испратат сериозна понуда до турскиот гигант.

Неодамна во турските медиуми се пишуваше дека Кардиф Сити добил негативен одговор при прашањето за евентуален трансфер на Елмас.

Македонскиот репрезентативец блесна на стартот на квалификациите за ЕП 2020 и успеа да постигне два гола во триумфот над Летонија. Потоа, играше и на гости кај Словенија и се покажа во добро светло.

>>> Македонскиот „дијамант“ блесна во полн сјај пред очите на Европа