Инзаги: Пред нас е најважниот меч во сезоната

Големата победа над Наполи во домашниот шампионат веќе е ставена во архива и пред фудбалерите на Интер е нов голем предизвик во овој дел од сезоната. Во среда италијанскиот шампион игра натпревар кој не смее да го загуби, доколку сака да остане во игра за европска пролет во Лигата на шампионите.

Во рамки од петтото коло во Лигата на шампионите на „Џузепе Меаца“ гостува составот на Шахтјор, кој игра далеку под очекувањата оваа сезона и со само еден освоен бод е речиси без шанси за осминафинале. 

„Мораме да продолжиме во ист дух. Сега треба да се фокусираме на Лигата на шампионите, бидејќи Интер не ја минал групната фаза премногу често во последниот период, а ние имаме голема можност да го постигнеме тоа.

Мораме да останеме на земја по победата над Наполи и во ист стил да одиграме и на натпреварот со Шахтјор, Ова е најважниот натпревар за Интер оваа сезона“, рече тренерот Инзаги.

По четири одиграни кола Реал Мадрид е лидер на табелата со девет бода, втор е Интер со седум, додека на третата позиција е Шериф со две победи и два порази.