Инзаги: Не знам кој кажа дека сме фаворити, па ова е најсилната група во ЛШ

Фудбалерите на Интер успеаја да извлечат реми од гостувањето во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад (1-1). Долго време домаќинот водеше, а на крајот Лаутаро Мартинез успеа да освои бод за својата екипа. 

Интер делуваше чудно и безидејно. На средбата со медиумите по мечот, Симоне Инзаги имаше пофални зборови за ривалот, додека за групата која многумина ја гледаат како лесна, ја нарече најтешка. 

„Не бевме вистинските, добро издржавме против квалитетен ривал. Го немавме вообичаениот пристап, рано примивме гол и имавме среќа во неколку ситуации. Благодарение на Јан Зомер не примивме втор гол. На крајот можеби можевме и до победа, но тоа ќе беше премногу. Сите играчи на Интер мораа да бидат подобри, вклучувајќи ме и мене. 

Мора да му честитаме на ривалот, Реал Сосиедад беше одличен противник. Не знам кој можеше д акаже дека сме фаворити, ама оваа група е силна. Би се осмелил да кажам и најсилна оваа сезона во Лигата на шампионите. Реал Сосиедад е одличен тим, Салцбург со години игра во Европа, а Бенфика сите ја знаеме. До крајот на групната фаза е можно сè“, изјави Инзаги.

Во второто коло Интер ќе ја дочека Бенфика, додека Сосиедад оди на гости кај Салцбург.