• Горан Упале
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги тешко се помири со убедливиот пораз во градското дерби против Милан во полуфиналето на Купот на Италија, а неговите нерви го достигнаа својот врв во самиот финиш на мечот кога побара од четвртиот судија да не ја продолжува средбата.
Ова беше во момент кога Интер губеше со убедливи 3-0, а дури петте замени на двете страни сугерираа главниот судија на натпреварот да го продолжи натпреварот за неколку минути.
„Не сакам дополнително време. Нема да ми ја украдете гордоста“, грмеше на сиот глас видно нервозниот Инзаги, а неговото барање беше исполнето и натпреварот заврши само неколку секунди по завршувањето на регуларните 90 минути.
Inzaghi non vuole il recupero. pic.twitter.com/GJAkXDsBNi
— Gianluca Pazzaglia (@gpazzaglia71) April 24, 2025
Инаку, Милан со убедлив триумф од 3-0 се пласираше во финалето на Купот каде ќе игра против победникот од вечерашната пресметка меѓу Болоња и Емполи.