• Саше Љолес
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше разочаран после поразот на неговиот тим од Милан (2-3) во финалето на италијанскиот Суперкуп и рече дека играчите морале порано да го затворат натпреварот за да го избегнат непријатниот епилог на крајот.
Милан успеа да дојде до победа со голем триумф по негатива од 0-2, нешто што Инзаги смета дека никако не смее да се случува во иднина, без оглед на ривалот на спротивната страна.
„Имавме неколку шанси да поведеме со 3-1 и тука мислам дека ќе беше крајот. Милан одигра квалитетно во вториот дел и нивниот тренер ги погоди замените. Новајлиите внесоа свежина во нивната игра, додека ние се мачевме на средината од теренот, иако успеавме да создадеме неколку добри прилики.
Мора да извлечеме поука од ваквите натпревари. Во иднина ќе треба да ги затвораме овие натпревари, особено при водство од два гола. Му дозволивме на ривалот да добие скоро загубен натпревар. Навистина сум разочаран“, рече Инзаги.
Интер вторпат сезонава загуби од вечниот градски ривал, а ќе има шанса да го возврати ударот на следниот првенствен дуел кој е закажан за втори февруари.