• Горан Упале
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше одушевен по победата на неговиот тим над Милан во дербито на Милано.
„Нероаѕурите“ го совладаа градскиот ривал со 5-1 и се максимално подготвени за првиот натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите.
„Имавме многу добар почеток на сезоната и одлично дерби. Бевме фокусирани, постигнувавме голови во вистинските моменти, замените беа многу добри, па честитки за момците. Знаеме дека е само добар почеток, но ние сме среќни поради нашите навивачи. Сега треба да се подготвиме за следните натпревари.
Важна е длабочината на клупата, сега ќе играме на секои три дена и ќе има простор за сите. Денес му честитав на целиот тим“, изјави Инзаги.
Прв ривал на Интер во новата сезона во Лигата на шампионите е Реал Сосиедад, натпревар кој се игра в среда.