Инзаги: Играме на секои 72 часа, горди сме на изданието против Арсенал

Екипата на Интер имаше многу проблеми во натпреварот со Арсенал и често се бранеше од налетот на лондонскиот тим, но сепак успеа да извојува минимален триумф (1-0) во четвртото коло од Лигата на шампионите. 

Тренерот Симоне Инзаги во разговор со медиумите рече дека неговите избраници прикажале сериозен пристап и одлично го бранеле својот гол, но призна дека можеле да бидат подобри во офанзива. 

„Денес одговоривме одлично на предизивикот. Имаме 23 играчи кои можат да настапат во секој момент, па затоа моравме да мислиме на првиот состав. Периодов играме на секои 72 часа и тоа се одразува врз физичката подготвеност на фудбалерите. 

Игравме против силен тим кој точно знае што сака и располага со неверојатен квалитет. Токму затоа сметам дека оваа победа е многу важна. Имавме уморни играчи, дел од нив не тренираа со целосен интензитет, но на крајот ја остваривме целта. Горди сме на нашите настапи, особено во мечевите против Манчестер Сити и Арсенал, кои се меѓу најдобрите тимови во Европа. 

Одлично е што не примивме гол, ќе настојуваме и во иднина да ја сочуваме мрежата, но и да постигнуваме повеќе голови. Тоа ќе биде многу важно во конечната гол-разлика по завршувањето на групната фаза. Се надевам дека ќе се искачиме уште погоре на табелата“, заклучи Инзаги. 

Интер сега има три победи и едно реми во Лигата на шампионите, додека Арсенал остана на две победи, една нерешена средба и еден пораз.  

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Микел Артета

    4-3-3