Инзаги е прв фаворит за нов тренер на Јувентус 

Неколку дена по официјализацијата за заминување на Масимилијано Алегри од клупата на италијанскиот шампион Јувентус, миланскиот спортски медиум „Газета дело спорт“ веќе започна со шпекулациите кој би можел да биде неговиот наследник. 

Според истиот, во игра се неколку истакнати тренерски имиња, но на изненадување на сите за прв фаворит го посочува Симоне Инзаги, а потоа следуваат следуваат Маурицио Сари и Синиша Михајловиќ.  

Наводно, првиот контакт веќе е воспоставен и истиот имал позитивен исход, па така преговорите ќе продолжат и следната седмица. Инзаги имаше одлична сезона на клупата на Лацио, а истата беше крунисана со трофеј во националниот Куп. 

Договорот на помладиот Инзаги со „лацијалите“ завршува во јуни 2020 година.