Инзаги: Да ја повториме играта од првиот меч, Баерн е меѓу трите најсилни светски тимови

Предводникот на италијанскиот Интер, Симоне Инзаги, во разговор со медиумите изјави дека неговиот тим е полн со самдоверба и најави голема борба за елиминација на Баерн Минхен од Лигата на шампионите. 

Миланскиот гигант ќе го пречека Баерн на својот „Џузепе Меаца“ со минимална предност од првиот меч (1-2), а Инзаги упатува на внимателност и максимален фокус во играта. 

„Знаеме против кого играме и не се залажуваме себеси. Тие секогаш се меѓу трите најдобри тимови во светот. Ќе треба да го повториме пристапот од првиот меч и да бидеме максимално посветени во секој сегмент од играта. 

Ќе трчаме многу и ќе се бориме, затоа што знам дека нема постојано да ја држиме топката. Агресивен пристап е очекуван, но без минување на границите. Составот ќе го одредам пред натпреварот, меѓутоа имам јасна слика за тоа кој ќе истрча на теренот. 

Имаме повредени поединци, па затоа ќе морам да бидам одлучен во ротацијата. Лани одигравме вкупно 49 мечеви, а на 12 април годинава веќе сме на бројката од 48. Не смееме да го бираме составот со емоции“, заклучи Инзаги. 

Интер и Баерн Минхен ќе го одиграат вториот четвртфинален натпревар на 16 април, а почетокот е закажан за 21:00 часот.