Инзаги брзо си пронајде нова работа, ја презеде клупата на второлигашот Бреша

Италијанскиот второлигаш Бреша и официјално го претстави Филипо Инзаги за свој нов тренер. Од клубот потврдија дека поранешниот тренер на Беневенто седнува на клупата и ќе го предводи тимот во новата сезона.

Поранешниот голгетер на Милан се обврза на договор на две сезони, со опција за уште две ако Бреша се врати во Серија А. 

„Започнува нова авантура и можам само да бидам среќен и горд што ќе и се придружам на Бреша. Му благодарам на претседателот Масимо Челино и директорот за оваа можност и што покажаа голем интерес и доверба во мене уште од самиот почеток“, рече при промоцијата Инзаги.

Пред да дојде во Бреша, Филипо Инзаги ги водеше Милан, Сасуоло, Болоња и Беневенто.