Интернационално засилување за Арсими, потпиша со поранешен играч на Шкупи

По промоцијата на Ристе Јанков и Мухарем Мислими, Арсими продолжува со засилувањето на тимот пред продолжението на сезоната.

Најново име во составот на кумановскиот клуб е сенегалскиот дефанзивец Ел Хаџи Геј Арфанг. Станува збор за 28-годишен централен дефанзивец кој кариерата ја започна во сенегалски Сакре Кер, по што направи трансфер во Европа и беше дел од младинскиот погон на француски Лил. Потоа следуваше преселба во Белгија, каде што настапуваше за Мускрон.

Геј има добро познавање и за балканскиот фудбал, бидејќи во минатото го носеше дресот на Шкупи во сезоната 2024/25, додека настапуваше и во косовскиот шампионат како член на Феризај. 

Сенегалецот во Арсими пристигнува со задача да ја засили конкуренцијата во последната линија и да донесе дополнителна сигурност во одбраната на тимот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.