Во директна битка за првото место во групата Б на Европското првенство за играчи до 21 година, селекциите на Шпанија и Украина одиграа нерешени 2-2 (0-1). Поради подобрата гол-разлика, „црвената фурија“ сепак заврши на првата позиција и закажа четвртфинале со Португалија. Во групата А, првото место изненадувачки го зазема Грузија, па може да се каже дека Украина барем на хартија мина полесно.