Со европска титула за Англија синоќа во Братислава заврши У21 Европското првенство во фудбал. Момците на Ли Карсли ја одбранија титулата од пред две години, кога во Романија и Грузија станаа шампиони без примен гол.
Фудбалската селекција на Англија до 21 година останува на врвот на Европа! Младите Англичани ја одбранија титулата европски шампиони, откако во вечерашното финале во Братислава по продолженијата ја совладаа Германија со 3-2 (2-2). На тој начин, Англија му се реваншира на ривалот за поразот во групната фаза и уште нови две години ќе остане на врвот на стариот континент.
Двајцата селектори, Ли Карсли и Антонио ди Салво не подготвија изненадувања во стартните тимови за финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Братислава. Германците скоро да го пресликаа тимот кој играше во нокаут-фазата, но има неколку промени од тимот кој ја совлада Англија со 2-1 во групната фаза.
Младинската репрезентација на Германија ќе ја предизвика Англија за трофејот на Европското првенство за играчи до 21 година. Во пресрет на финалето на прес-конференцијата освен селекторот Ди Салво, зборуваше и еден од носителите на играта Ник Волтемаде.
Капитенот на репрезентацијата на Англија У21, Џејмс Мекати зборуваше на средбата со новинарите пред финалето на Европското првенство против Германците. Фудбалерот не го криеше задоволството и среќата за шансата која ја има во Братислава.
Полека се менуваат фудбалските сили во категоријата до 21 година. Некогаш доминираа Италијанците и Шпанците, а сега дојде редот на Англичаните. Второ првенство по ред, по она во Романија и Грузија, „Гордиот Албион“ е најмалку во финалето.
По бледото издание на германската репрезентација на Јулијан Нагелсман, малку надеж за иднината на фудбалот во оваа земја внесе одличниот настап на У21 репрезентацијата на Антонио ди Салво во Словачка. На доминантен начин и со скоро три гола во просек по натпревар, бундес-тимот стигна до финалето во Братислава.
Ретко се случува две селекции на еден завршен турнир да се сретнат двапати. А велат дека никогаш не е едноставно двапати да се победи ист ривал за краток временски интервал. Утре се спушта завесата на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Словачка. Англиските и германските фанови веќе се во Братислава и нема веќе билети за завршниот натпревар.
Репрезентацијата на Германија до 21 година четврти пат ќе игра за трофејот на Европското првенство, откако во полуфиналето ја совлада соодветната селекција на Франција со 3-0 (2-0).