Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2-4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции.
Македонската репрезентација до 19 години ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина со 2-0 на пријателскиот натпревар одигран денеска во Радовиш. Херој на мечот беше Стефан Младеновски, кој ги постигна двата гола, по еден во секое полувреме.
Македонската репрезентација до 19 години од 23 до 28 февруари ќе одработи тренинг камп во Струмица. Генерацијата предводена од Ерхан Селими ќе одигра контролен натпревар против Брера на 26 февруари од 13:00 часот во комплексот „Горан Пандев“.