Капитенот на екипата на Ајакс, Душан Тадиќ во својата изјава доцна синоќа призна дека е многу разочаран од раната елиминација во Лигата на шампионите со поразот дома од Валенсија (0-1). Минатогодишниот полуфиналист, иако беше прв во групата и му беше доволен само бод, не успеа да се избори за едно од првите две места и ќе продолжи во Лига Европа.