Премиерлигаш или француски великан: Ова се можните ривали на Шкендија во плеј-офот!
Македонсиот вицешампион, Шкендија, денес внимателно ќе ја следи ждрепката за плеј-оф рундата од Конференциската лига, каде ќе го дознае потенцијалниот противник доколку успешно ја мине пречката наречена Хибернијан. Ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион е закажана за 14:00 часот, а веќе е познат скратениот список на можни ривали за тетовскиот клуб.







