Суперлигата е жива: Шеесет клубови сакаат да бидат дел од новиот проект
Светот на фудбалот е изненаден од најновата идеја за формирање на Суперлига. На хартија Реал Мадрид и Барселона се единствените страни кои сè уште се поврзани со проектот Суперлига кој беше претставен во 2021 година и останува во мирување. Флорентино Перез и натаму тврди дека Суперлигата е жива, а компанијата што треба да го организира натпреварувањето уште е активна.