Тукушто заврши овогодинешното издание на Светското клупско првенство, а веќе се познати првите четири учесници на следното кое ќе се одржи во 2029 година. Интересно, еден од нив не е освојувачот на трофејот Челзи, кој своето место ќе мора да си го обезбеди со добри резултати во годините кои следат.
Англиските медиуми не престануваат со пофалби за Енцо Мареска и неговиот совршен тактички пристап во финалето против ПСЖ на Светското клупско првенство.
Следното Светско клупско првенство е закажано за 2029 година, а познато е дека Челзи ќе ја брани титулата тоа лето, додека Пари Сен Жермен ќе се обиде да го надомести поразот во финалето на неодамна завршеното Светско првенство во САД. Но, барем засега сè уште не е познато на чија почва ќе биде организирано второто издание на (премногу) гломазната и драстично поскапа верзија на натпреварувањето започнато пред две и пол децении.
Европскиот шампион Пари Сен Жермен пропушти можност за петти трофеј оваа сезона и триумфален крај на сезоната. Откако Челзи го победи ПСЖ со 3-0 во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, играчите имаа вербална пресметка на теренот. Тренерот на францускиот тим, Луис Енрике, го турна напаѓачот Жоао Педро. Шпанецот со рака го удри Бразилецот во грлото, а потоа и во лицето, по што напаѓачот падна на земја.
Фудбалерите на Челзи стекнаа огромна финансиска добивка со освојувањето на Светското клупско првенство. Англискиот гигант во финалето го декласира Пари Сен Жермен со 3-0 и го освои вториот трофеј во 2025 година, по триумфот во Конференциската лига во мај. Погодоците за тимот од „Стемфорд Бриџ“ ги постигнаа Палмер во 22. и 30. минута, како и Педро во 43. минута.
Фудбалерите на Челзи го освоија Светското клупско првенство, откако во финалето славеа убедливо со 3-0 против ПСЖ. По сите возбудувања, па и тензии за време и по натпреварот, интересна ситуација се случи и при доделувањето на пехарот.
Жоао Педро привлече внимание на себе, бидејќи со три гола во полуфиналето и финалето беше еден од хероите на Челзи во походот кон трофејот на Светското клупско првенство. Бразилецот даде атрактивен гол во финалето против ПСЖ, лобувајќи го Донарума одблизу.
Фудбалерите на Челзи станаа светски шампиони откако го победија ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави со резултат од 3-0. Лондонскиот тим ги победи актуелните европски шампиони со головите на Кол Палмер во 22. и 30. минута, како и со голот на Жоао Педро во 43. минута.
Англискиот тим Челзи е освојувач на трофејот на Светското фудбалско клупско првенство, што изминатите триесет дена се одржа во САД. Во финалето, одиграно во Њу Џерси, тимот на Челзи го надигра актуелниот европски првак Париз Сен Жермен (3-0). Сепак, по натпреварот многу се зборува и за сцените на натегања меѓу фудбалерите на двете екипи, во кои учествуваше и тренерот на ПСЖ.