Интересот се зголемува: Барди е трансфер-цел и на Галатасарај и Фенербахче

Енис Барди

Додека англиските медиуми пишуваат дека Енис Барди во следната сезона ќе го облече дресот на Арсенал, оние од Турција откриваат дека во трката за потписот на македонскиот репрезентативец се вклучија тамошните гиганти Галатасарај и Фенербахче.

Според „Fotospor.com“ Барди бил голема желба на Фатих Терим и искусниот стратег на клупата на Галатасарај веќе стапил во контакт со асот на Леванте и му ја ветил „десетката“ на грбот, доколку се реши за премин во клубот од Истанбул.

Но, сериозен интерес пројавил и ривалот Фенербахче кој исто така е подготвен да издвои 20 милиони евра за услугите на македонскиот репрезентативец. Пред неколку дена бројни европски медиуми пишуваа дека Барди е трансфер-цел на Арсенал, Фиорентина, како и на бундеслигашите Ајнтрахт Франкфурт и Штутгарт.

Офанзивецот игра во одлична форма оваа сезона, посебно во периодот по рестартот на Примера, па нема да биде големо изненадување доколку во новата сезона го видеме во некој поголем клуб. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.