• Иван Димовски
Интер ја совлада Парма со убедливи 3-0 на „Џузепе Меаца“, во натпреварот од шестото коло во Серија А. Избраниците на Кристијан Киву уште во првото полувреме ја завршија работата и стигнаа до нови три бода во италијанскиот шампионат.
- Извештај од натпреварот:
Домашните поведоа во 13. минута преку Петар Сучиќ, кој ја искористи грешката на противничката одбрана и со прецизен удар со левата нога ја затресе мрежата на Парма. Само пет минути подоцна, Интер ја удвои предноста. По прегледот на ВАР, главниот судија досуди пенал по прекршокот над Пио Еспозито, а Хакан Чалханоглу беше сигурен реализатор на ударот од белата точка за 2-0.
Конечниот резултат беше поставен во 31. минута. Маркус Тирам одлично истрча во празниот простор по додавањето од Хенрик Михтаријан и со прецизен удар со десната нога ја испрати топката во мрежата за убедливи 3-0. Интер со трите гола во првото полувреме го реши прашањето на победникот и ја потврди доминацијата на домашен терен против Парма. Во продолжението „нераѕурите“ рутински го смирија темпото и го приведоа мечот кон крај.
Со оваа победа Интер барем до утре ќе биде осамен на врвот со 16 бода, бидејќи има три повеќе од Рома која му гостува на Комо. Од друга страна, Парма со 17 е под ризик да падне во опасната зона.












