ВИДЕО: Интер во три минути направи пресврт и пак е лидер во калчото

Екипата на Интер дојде до триумф на гостински терен кај Фиорентина (1-3) и повторно е лидер во италијанската Серија А. Шампионот пак го презеде врвот на кој беше перфектниот Наполи на Ељиф Елмас со четири победи на четири меча.

  • Фиорентина - Интер 1-3:

„Нераѕурите“ се намачија, ама успеаја да дојдат до полн плен со пресврт кој го режираа во три минути. Така, Интер е првопласиран, а Наполи го чека натпреварот со Сампдорија па ќе се знае дали тимот од Неапол повторно ќе го прескокне Интер.

Фиорентина беше далеку подобар ривал во првото полувреме, а погодок во мрежата на капитенот Самир Хандановиќ успеа да постигне Сотил во 23. минута од натпреварот. На стартот на второто полувреме, Интер режира супер-пресврт во само три минути.

Автори на погодоците беа Матео Дармиан и Един Џеко во 52. и 55. минута. Пред самиот финиш во листата на стрелците се запиша и Иван Перишиќ.

  • Аталанта - Сасуоло 2-1:

Аталанта на домашен терен беше подобра од Сасуоло (2-1). Трите гола паднаа во првото полувреме. Уште во 3. минута домашниот тим поведе преку Госенс, а потоа Запакоста погоди за двојна предност на Аталанта. Пред финишот на првото полувреме најдобриот играч на гостите Доменико Берарди го намали поразот.

Состави

Vincenzo Italiano

4-4-2

    Симоне Инзаги

    4-4-2