Интер тргнува по Лукаку, нуди 30 милиони евра плус Иван Перишиќ

Екипата на Интер ќе го засилува нападот во летниот преоден рок, а како една од метите кои се поврзуваат со трансфер во тимот на „нераѕурите“ е белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку.

Лукаку, кој има 26 години, е на излезни врати од Манчестер Јунајтед. Нареден тим би можел да му биде Интер, од каде постои голем интерес за него.

Информацијата дека преговорите се веќе стартувани ја пренесоа од „чизмата“, од каде велат дека Федерико Пасторело, агентот кој е посредник на трансферите на Интер, веќе ја има првата понуда во ракав, а тоа е 30 милиони евра плус хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ.

Лукаку е во Манчестер Јунајтед од 2017 година, а има одиграно 66 меча на кои даде 28 гола. Претходно, Белгиецот настапуваше за Евертон, Вест Бромвич Албион и Челзи, а како играч се изгради во Андерлехт.