• Саше Љолес
Комбинираниот состав на Интер успеа да се справи со незгодниот Торино и славеше победа со конечни 2-1 (1-0) во натпреварот од четвртфиналето во Купот на Италија.
Мечот одигран на стадионот „Бриантео“ во Монца донесе еден гол во првите 45 минути, кој беше дело на Анге-Јоан Бони, а потоа му се приклучи и сонародникот Енди Диуф, кој биеше за 2-0 по само три минути игра во вториот дел.
Торино не се предаде и се врати со погодокот на Хрватот Сандро Куленовиќ во 57. минута, но немаше доволно среќа за целосен „кам-бек“, иако имаше уште 2-3 изгледни прилики до крајот.
- Извештај од натпреварот:
Интер успеа да победи и со резервен состав (отсуствуваа најголем дел од првотимците), но доволно за да обезбеди пласман меѓу четирите најдобри во Купот, каде ќе се соочи со подобриот тим од дуелот помеѓу Наполи и Комо.









