ВИДЕО: Интер со голови во финишот го освои Кротоне и застана на врвот на Серија А

Фудбалерите на Интер ја продолжија победничката серија на почетокот на новата Серија А и под водство на Лучијанo Спалети ја извојуваа четвртата победа. 

„Сино-црните“ од Милано славеа на гостувањето кај Кротоне со 0-1 (0-2) и по победите нас Фиорентина, Рома и Спал, триумфираа и кај Кротоне и првпат по подолг период цел еден месец не знаат за друг резултат освен за триумф.

Гостувањето кај клубот со најмал стадион во Серија А воопшто не беше лесно за Интер. Долго време трикратниот европски првак се мачеше да го скрши отпорот на затворениот домаќин. Дури и во првиот дел гостите не беа така убедливи да создадат зрели шанси за гол.

Одлуката дојде во 82. минута кога засилувањето од Сампдорија, словачкиот интернационалец Милан Шкрињар, од една голема гужва најдобро се снајде и ја протна топката во мрежата на домаќините. Во судиското надополнување по акцијата на Жоао Марио, хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ беше најснаодлив во казнениот простор на домаќините и ја потврди победата на фаворитот (0-2).

Максималниот учинок на Интер утре можат да го израмнат само уште Јувентус и Наполи. Денес во рамките на 5. коло на Серија А уште играат Фиорентина - Болоња и Рома - Верона.