• Саше Љолес
Искусниот голман Јан Зомер заминува од екипата на Интер и ќе ја продолжи кариерата на друга дестинација, јавија италијанските медиуми.
Она што се претпоставуваше, сега добива и потврда, што значи дека актуелниот шампион на Италија сигурно ќе има нов чувар на мрежата за следната сезона. Засега, најавено е дека прв голман ќе биде Хозеп Мартинез, но не е исклучена и можноста за доведување уште еден квалитетен голман.
Зомер ги бранеше боите на Интер во изминатите три сезони, заминува со освоена двојна круна во Италија, а ќе остане запаметен по неверојатните интервенции во полуфиналниот двомеч со Барселона во Лигата на шампионите, кога успеа да одбрани десетици удари на Јамал, Рафиња и останатите ѕвезди на Каталонците.
Во дресот на „нероаѕурите“ одигра 100 првенствени натпревари и остави повеќе од солиден впечаток кај навивачите. Пред да дојде во Милано, Зомер беше дел од Баерн Минхен, Борусија Менхенгладбах и Базел, а на позајмица настапуваше во Грасхоперс и Вадуц.

