Интер против шампионот брка важни бодови за заверка на ЛШ

Едните незаинтересирани, другите под императив. Наполи и Интер ќе се сретнат во дербито од 36. коло на Серија А во кое само една екипа има резултатски мотив. Новиот шампион на Италија се „распушти“, не размислува за Серија А. Лучијано Спалети им ја дава можност на играчите кои досега не играле пречесто, а тоа дополнително се одразува и на резултатите на Наполи. Во претходното коло „аѕурите“ лесно беа поразени на гостувањето кај Монца, а во последните четири натпревари забележаа само една победа.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Наполи и Интер

Интер, од друга страна, одлично ја темпира формата за крајот на сезоната. Тимот на Симоне Инзаги победи на секој од последните осум натпревари во сите натпреварувања, од кои шест без примен гол. И тоа не против кој било, туку против Јувентус, Лацио, Рома, Милан два пати... Самодовербата на Интер порасна до максимум по пласманот во финалето на Лигата на шампионите, прво по 13 години.

Квоти за останатите натпревари во Серија А

На Интер му требаат три бода ако сака што поскоро да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Моментално е трет со 66 бодови, пет повеќе од петтопласираниот Милан. Во пресметките со Наполи, Нераѕурите немаат пораз од средината на февруари 2020 година. Во тој период се сретнаа седум пати, Интер победи четири, а три завршија нерешено. Резултатите го ставија тимот од Милано во улога на фаворит, да бидеме искрени. Фудбалерите на Интер победија на секое од последните пет гостувања со 15-0 гол разлика, а во 2023 година загубија само два натпревари надвор од „Џузепе Меаца“.