Интер повторно го прати на позајмица големиот аргентински талент

Управата на италијанскиот шампион, Интер, реши повторно да го прати на позајмица талентираниот аргентински фудбалер, Валентин Карбони. 

19-годишниот играч од средниот ред минатата сезона ја мина на позајмица во Монца, а следната година ќе го гледаме во дресот на францускиот великан, Олимпик Марсеј. Во својата втора сезона во Серија А одигра 32 мечеви за Монца и забележа два дола и три асистенции.

Интер неодамна го продолжи договорот со младиот Аргентинец, со што стави до знаење дека во иднина стручниот штаб би можел сериозно да смета на неговите услуги. Карбони ја започна кариерата во аргентинскиот Ланус, а во младинските категории играше и за Катанија. 

Олимпик има право да го откупи за 35 милиони евра, плус уште четири низ бонуси. Исто така, Интер го задржа правото да го откупи назад во иднина.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.