• Горан Упале
Фудбалерите на Интер направија круциален чекор кон титулата во Серија А, откако во луд натпревар и по голем пресврт славеа на гостувањето кај Комо со 3-4, иако домашниот тим имаше водство од 2-0.
- Комо - Интер 3-4:
Домашниот тим поведе во 36. минута преку Алекс Вале, кој ја искористи својата шанса за водство од 1-0. Само неколку минути подоцна, во самиот финиш на првото полувреме, Нико Паз зголеми на 2-0, носејќи голема радост кај домашната публика. Сепак, Интер успеа да се врати во игра уште пред паузата, кога Маркус Турам погоди во судиското продолжение за 2-1.
Во второто полувреме следуваше вистинска офанзива на гостите. Повторно Маркус Турам беше стрелец во 49. минута за израмнување на 2-2, по што Интер целосно ја презеде контролата.
Пресвртот беше комплетиран во 58. минута кога Дензел Думфрис донесе водство од 2-3, а истиот играч во 72. минута го одведе Интер на комотни 2-4. До крајот на средбата домашниот тим успеа само да го ублажи поразот и Да Куња од пенал ги постави конечните 3-4.
Интер со оваа победа уште еднаш покажа карактер и шампионски менталитет и му побегна на Наполи на девет бода на шест кола до крајот. Комо, пак, сензацијата во Серија А сезонава, ќе жали за пропуштената предност од два гола, но сè уште е во игра за историски пласман во Лигата на шампионите.
- Болоња - Лече 2-0:
Очекувана домашна победа извојува Болоња, која славеше над Лече со 2-0. Фројлер во првото и Орсолини во второто полувреме беа стрелци на головите.











