Интер подготвува пеколно трио: Мартинез добива друштво од Лукаку и Дибала

Интер

Пауло Дибала се поврзува со трансфер во Интер, а Ромелу Лукаку е блиску до кам-бек во Милано, како позајмен фудбалер од Челзи.

Доколку се остварат овие два трансфери, тимот од „Џузепе Меаца“ ќе формира пеколно напаѓачко трио. Симоне Инзаги ќе добие ростер со кој сигурно ќе биде прв фаворит за освојување на титулата во Серија А.

Аргентинскиот офанзивец сигурно нема да ја продолжи кариерата во Јувентус. Фановите на „старата дама“ стравуваат дека неговата одлука ќе падне на големиот ривал од италијанското првенство. Белгиецот, пак, долго време „кокетира“ со својата поранешна екипа. Од наредната недела многу нешта околу неговото враќање во Италија ќе бидат познати.

Интер остана покус за два бода во однос на Милан во ланската сезона во домашното првенство. Управата прави максимални напори првенствениот трофеј оваа сезона да заврши во витрините на тимот предводен од Инзаги.