• Иван Димовски
Екипата на Интер го брани трофејот во Суперкупот, а во него во финалетот ќе се судри со градскиот ривал Милан во Ријад. По победите над Аталанта и Јувентус миланските гиганти закажаа меѓусебна битка за првиот трофеј во сезоната.
За овој натпревар тренерот на Интер има офанзивни проблеми. Во полуфиналето веројатно се повреди Маркус Турам. Францускиот напаѓач беше стартер против Аталанта, а потоа на полувреме го замени Мехди Тареми. По деталните прегледи во Ријад се испостави дека иако повредата не е сериозна, не треба да се ризикува со Турам, па тој нема да биде во комбинација.
Исто така кај „нераѕурите“ отпадна уште едно офанзивно име, Хоакин Кореа кој е главно резервист и по потреба добива шанса.
Од друга страна кај Милан и натаму неизвесно е дали Рафаел Леао ќе може да заигра. Првата ѕвезда на „росонерите“ се повреди во дуелот со Верона, ги скокна дуелите со Рома и Јувентус, а иако тренира со тимот максимално може да биде на клупата во финалето и да добие шанса во вториот дел.