Интер официјализираше четири нови имиња за следната сезона

Во недостаток на милиони како во Англија, во Серија А мирува трансфер периодот летово. Но, Интер е најактивен и веќе официјално регистрираше четворица нови играчи.

Нови членови на вицешампионот се Андре Онана, Хенрих Михтаријан, Кристијан Аслани и Ромелу Лукаку. Онана и Мхитаријан дојдоа како слободни играчи, додека на Аслани му беше продолжена позајмицата од Емполи. Лукаку се врати во клубот по разочарувачката сезона во Челзи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека во наредните денови би можел да потпише и Раул Беланова од Каљари, а шлаг на тортата треба да биде Пауло Дибала,

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.