ВИДЕО: Интер одигра шампионски на гостувањето во Бергамо 

По завршувањето на 29. коло во Серија А, фудбалерите на Интер гледаат на само еден конкурент  во трката за титулата. Во дербито на колото во италијанскиот шампионат „нероаѕурите“ извојуваа огромна победа на гости кај Аталанта (0-2) и со тоа ги намалија надежите за титула на тимот од Бергамо.

Бранителот на титулата до посакуваните три гола дојде со два гола во второто полувреме. Резултатот го отвори Карлос Агусто со погодок со глава во 54. минута, а точка на победата на Интер стави Лаутаро Мартинез на три минути до крајот на регуларните деведесет минути. 

Инаку, двете екипи натпреварот го завршија со десетмина во поле, откако за домаќините исклучен беше Едерсон, додека кај Интер поцрвене Бастони. Надвор од теренот директен црвен картон доби и тренерот на домашниот тим Џанпјеро Гасперини, веднаш по вториот погодок на Интер.

  • Извештај од натпреварот:

По 29 одиграни кола Интер останува лидер со 64 бода, втор е Наполи со 61, а Аталанта е трета со 58 бода.