Интер одби солидна понуда од премиерлигаш за трансфер на „Станковиќ јуниор“

Италијанскиот гигант Интер не ја прифати понудата од 40 милиони евра од Брентфорд за младиот српски играч за врска Александар Станковиќ, син на легендарниот Дејан Станковиќ.

По одличната сезона во Клуб Бриж, каде ја освои титулата во Белгија и беше прогласен за најдобар млад фудбалер во првенството, Станковиќ летово се врати во Милано.

Новиот тренер Кристијан Киву сериозно смета на него и го гледа како важна опција во средниот ред, поради што Интер немал намера да го продаде, без разлика на високата понуда од англискиот клуб.

Иако во иднина не се исклучуваат нови преговори, ставот на „нераѕурите“ во моментов е јасен - Станковиќ останува во составот и ќе биде важен дел од ротацијата на италијанскиот првак. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.