• Саше Љолес
Италијанската „Газета Дело Спорт“ пишува дека фудбалските гиганти од оваа земја се во сериозна трка за потписот на огромниот хрватски талент, Антон Матковиќ.
18-годишниот играч на Осијек го привлече вниманието на великаните, а најсериозен во преговорите е Интер, кој веќе понудил отштета од осум милиони евра. Новинарот Фабрицио Романо веќе пишуваше дека за Матковиќ има голем интерес од Фулам и Евертон, но се чини дека негова следна дестинација сепак ќе биде Италија.
Се работи за талентирано момче кое во многу нешта потсеќа на легендарниот Марио Манџукиќ, а досега во дресот на Осијек одигра 15 натпревари и постигна четири гола. Се шпекулира дека во трката за трансфер се вклучиле уште Аталанта, Милан и Јувентус, но Интер е клубот кој во моментов има најдобра стартна позиција.
Антон Матковиќ е офанзивен фудбалер кој може да игра и како десно крило, а исто така располага со одлична техника и поседува голема брзина.