• Иван Димовски
Интер убедливо славеше на гостувањето кај Лацио со 0-3 во натпревар од 36. коло во Серија А.
Иако минатото коло и математички ја обезбеди шампионската титула, тимот на Кристијан Киву одигра максимално сериозно и уште од стартот настапи со силен состав предводен од Лаутаро Мартинез и Маркус Турам. Токму капитенот на „нераѕурите“ го отвори резултатот уште во шестата минута по асистенцијата од Тирам.
Во 39. минута следуваше и најубавиот момент на натпреварот. Лаутаро овојпат се најде во улога на асистент, а Петар Сучиќ со прекрасен удар со лева зголеми на 0-2. Секоја надеж на Лацио за камбек згасна во 59. минута кога Алесио Ромањоли заработи црвен картон, а Интер брзо ја искористи бројчаната предност. Хенрих Михтарјан стрелаше за конечните 0-3 и нова убедлива победа на актуелниот шампион.
- Лацио - Интер 0-3:
Овој натпревар воедно беше и увертира за финалето во Купот кое двата тима ќе го играат следната седмица, а по денешното издание Лацио има сериозна причина за загриженост.
- Удинезе - Каљари 0-2:
Попладнево во Удине, Каљари го совлада Удинезе со 0-2, а головите за гостите од Сардинија ги постигнаа Букса и Геј.

