Интер најголем губитник во ЛШ? Го доби Ливерпул, го чека пеколен месец

Екипата на Интер прво требаше да игра со холандски Ајакс, за потоа да биде повторена ждрепката во Лигата на шампионите и таму „нераѕурите“ при второто влечење да го добијат англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Многумина сметаат дека „нераѕурите“, заедно со Реал Мадрид, се најголемите губитници од репетицијата на влечењето на осминафиналните парови. Тимот на Симоне Инзаги сега го очекува вистински пеколен месец во кој ќе мора да покаже карактер.

Имено, по новогодишните и божиќните празници, Интер игра со најголемите конкуренти во калчото, па следат мечевите во Лигата на шампионите. Распоредот е следниот...

9 јануари - Интер - Лацио
12 јануари - Интер - Јувентус
16 јануари - Аталанта - Интер
6 февруари - Интер - Милан
13 февруари - Наполи - Интер
15/16 февруари - Интер - Ливерпул

Тежок старт на новата година за актуелниот италијански владетел...