ВИДЕО: Интер на погонот на екс „ѓаволите“ Лукаку и Санчез од 0-2 до победа над Торино!

Екипата на Интер беше на прагот на нов неуспех во Серија А, но по моќно второ полувреме стигна до победа над Торино, во натпревар во кој „нероазурите“ имаа негатива од 0-2, но на крај запишаа убедлив триумф од 4-2 над големиот ривал. 

  • Интер - Торино 4-2:

Дербито на „Џузепе Меаца“ започна со тактично надмудрување на двете страни и без некое посериозно возбудување. Интер можеби ја имаше доминацијата и беше поблиску до погодок, но први се радуваа гостите. По една одлична тимска акција, Меите на магичен начин со пета додаде до Заза, кој не греши од такви позиции и го матира Хандановиќ, за 0-1 за Торино на полувреме. 

Само што започна вториот дел, Торино повторно го шокираше домаќинот. Овој пат мрежата на „нероазурите“ ја стресе Ансалди од пенал, но потоа следуваа „црни“ три минути за Торино, во кои Интер со два гола успеа целосно да се врати во игра. Алексис Санчез по една мешаница намали на 1-2, додека во следниот напад Чиелеанецот асистираше до Лукаку, кој погоди за 2-2. Но, тоа не беше сè од репрертоарот на поранешниот фудбалери на Манчестер Јунајтед, затоа што Лукаку во самата завршница беше прецизен од единаесет метри и за првпат Интер поведе на овој дуел, а триумфот го запечати Лаутаро Мартинез за конечни 4-2.

Фудбалерите на Рома полесно од очекуваното стигнаа до нови три бода во Серија А, откако на свој терен со убедливи 3-0 го совладаа тимот на Парма. Римскиот гигант сите дилеми ги реши уште во првиот дел, во кој играше полетно и атрактивно, но и ефикасно. Борха Мајорал во 28. минута го отвори резулатот, додека четири минути подоцна Михтарјан со ефектен волеј зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави токму ерменската ѕвезда со својот втор денешен гол во 40. минута. 

  • Рома - Парма 3-0:

Сигурна победа извојува и тимот на Сасуоло, кој продолжува со фантастичните партии во италијанската елита, откако со 0-2 славеше на гостувањето кај Верона, а доколку вечерва Милан не победи против Наполи, следното коло ќе го пречека од лидерската позиција на табелата. 

Три бода на своето конто собра и Болоња на Синиша Михајловиќ, која како гостин со минимални 1-2 беше поуспешна од Сампдорија.