ВИДЕО: Интер на Конте пукна шампионска „петарда“ со Сампдорија

Екипата на Интер во првиот меч на домашен терен по освојувањето на Скудетото демонстрира моќ. „Нераѕурите“ ја разбија Сампдорија, на која ѝ дадоа пет гола (5-1) и ја продолжија серијата без пораз во калчото.

  • Извештај од натпреварот:

Иако Конте ротираше и им даде шанса на некои играчи од клупата, тоа не беше пречка да се дојде до високата победа. Работите беа јасни уште во првото полувреме, кога домашниот тим даде три гола. Пред стартот на натпреварот, Интер беше поздравен со „шпалир“ од страна на Сампдорија, како традиција дека е шампион на „чизмата“.

Уште во 4. минута резултатот се отвори на „Џузепе Меаца“ со погодок на Гаљардини, а потоа, Алексис Санчез во 26. минута зголеми на 2-0. Иако Сампдорија преку екс-играчот на миланскиот тим Кеита Балде намали на 2-1, тоа беше се што гостинот успеа да направи. Алексис Санчез со вториот гол во првиот дел, а потоа и Пинамонти и Мартинез во второто полувреме, го потврдија новиот триумф на најдоминантниот тим во Италија оваа сезона.

За Интер ова беше 26-та победа сезонава. Во следното коло тимот игра на домашен терен против Рома.