Интер мора да оди на три бода, ама Торино не му „лежи“

Репрезентативната пауза заврши и Антонио Конте повторно се враќа на своите проблеми. Интер, како еден од главните кандидати за титулата, веќе испушти премногу бодови во воведните седум кола. Не славеше на ниту едно дерби, притоа ремизираше со Парма на „Џузепе Меаца“ и во моментов заостанува пет бода зад лидерот Милан, од кого го претрпе единствениот пораз во шампионатот. Затоа, „неразурите“ немаат право на грешка во осмото коло ако сакаат да останат во чекор со ривалите.

Конте уште еднаш ќе мора да ги промени плановите поради вирусот корона. По пристигнувањето во Милано, Коларов и Брозовиќ имаа позитивни тестови, поради што мора да се во самоизолација, а под знак прашалник е и Видал, кој ги одигра сите минути за Чиле во претходните десет дена. Добрата вест за тимот од Милан е дека Лукаку заздрави од повредата и против Торино уште од првата минута ќе му прави друштво на Лаутаро Мартинез во нападот.

>>> Сите квоти на мечот Интер - Торино во MOZZART

Џампаоло, од друга страна, нема кадровски проблеми, но и покрај тоа нема многу основа да се надева на позитивен исход. Неговиот тим уште од почетокот на календарската година игра далеку под своите можности, а минатата сезона избегнаа испаѓање само благодарение на големиот број освоени бодови во првиот дел од шампионатот. Сепак, ниту Џампаоло не ја поправи сликата на стадионот „Олимпико Гранде Торино“ откако ова лето ја презеде клупата. „Биковите“ во завршниците од натпреварите загубија бодови против Лацио и Сасуоло и во моментов само благодарение на подобрата гол-разлика се надвор од зоната за испаѓање.

Она на што може да се потпре торинскиот клуб е традицијата. Со исклучок на катастрофалната претходна сезона, кога во двата наврати беа лесно поразени од Интер, претходно „биковите“  беа непоразени од „неразурите“ на пет последователни натпревари.