• Горан Упале
Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез потпиша нов договор со челниците на Интер Мајами, соопшти американскиот клуб.
Како што беше најавено, 37-годишниот напаѓач потпиша договор кој ќе важи до крајот на 2025 година.
„Многу сум среќен што останав овде уште една година и што можам да ја уживам поддршката на нашите верни навивачи, кои ни се како семејство.
Многу, многу сме блиски со нив и се надевам дека следната сезона ќе можеме да им донесеме и повеќе радост“, изјави Суарез.
На почетокот на 2024 година, Суарез стана член на Интер Мајами, за кој постигна 25 гола на 37 натпревари во сите натпреварувања. Во МЛС лигата постигна 20 гола, три помалку од најдобриот стрелец Кристијан Бентеке.